spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Унапредување на соработката договорија на првата средба првите луѓе на АХВ...

АХВ: Унапредување на соработката договорија на првата средба првите луѓе на АХВ и Царината

Интензивирање и унапредување на соработката во делот на контрола на храната од животинско и неживотинско потекло и на производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната при увоз во земјава, во насока на заштита на здравјето на потрошувачите и економските и трговските интереси на операторите со храна, договорија вчера на првата официјална средба директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов и првиот човек на Царинска управа, Бобан Николовски. Како што беше истакнато, ефикасни контроли на граничните премини и царинските испостави, како и брзата размена на информации меѓу  Агенцијата и Царината, во соработката со Министерството за внатрешни работи, се клучни во борбата против шверцот со храна и животни.

Меморандумот за соработка кој АХВ и Царинската управа го имаат потпишано во 2015 година е добра основа за интензивирање на соработката меѓу двете институции, во насока на  олеснување, поедноставување и обезбедување на брз проток на патници и стоки во земјава, преку создавање услови за спречување на шверц  на храна и животни и можно нарушување на нивната безбедност. Двајцата директори изразија подготвеност за јакнење на меѓусебната помош и соработка,  во насока изнаоѓање на најпогодни решенија во интерес на  граѓаните и компаниите при појава на евентуални проблеми кои се од областа на работењето на Агенцијата и Царината.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...