spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реакција на Комисијата за унапредување на правата на пациенти на...

Град Скопје: Реакција на Комисијата за унапредување на правата на пациенти на за неработење на неработење на хируршките сали во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје

Во врска со затворањето на операционите сали при хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, Комисијата за унапредување на правата на пациентите при Град Скопје е на став дека битно се повредени правата на пациентите. Имено, околу 2000 операции се одложени, иако истите не се итни, сепак тоа одложување може сериозно да го наруши здравјето на пациентите. Реакцијата на надлежните институции беше многу бавна, а здравствениот систем се покажа неподготвен вакви состојби ниту да спречи, ниту да ги реши. Во Македонија има доволен број хирурзи и доволен број на операциони сали, не само во Скопје туку и во другите поголеми градови, па кога претходно би биле спремни за ваква „вонредна состојба“, пациентите би биле навремено згрижени и оперирани. Се прашуваме како би се реагирало при вистински вонредна состојба, како што се природни катастрофи со голем број повреди.

Очекуваме од новата Влада сериозно да се зафати со овој проблем и да биде спремна да спречи вакви технички дефекти, а ако сепак се случат, да има подготвен резервен план за времено надминување на проблемот без сериозни нарушувања на правата на пациентите.  

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...