spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Отворени повици во рамките на Работната програма за Дигитална Европа 2023-2024

МДТ: Отворени повици во рамките на Работната програма за Дигитална Европа 2023-2024

Министерството за дигитална трансформација известува во склоп на третиот циклус повици во рамките на Работната програма за Дигитална Европа 2023-2024 година се отвораат  четири односно пет повици. 

Воедно, Ве известуваме дека HaDEA ќе организираат онлајн инфо-сесија за повикот DIGITAL-2024-BESTUSE-TECH-07-EDMO. Ве повикуваме да се приклучите за да детално се информирате за овој повик.

Линк до инфо сесијата: https://hadea.ec.europa.eu/events/info-day-call-digital-2024-bestuse-tech-07-edmo-2024-07-16_en

Програмата Дигитална Европа има за цел да ја забрза дигиталната транзиција и да обезбеди дигиталните технологии да имаат корист за сите граѓани, бизниси и јавна администрација. Со фокус на клучните области како што се дигиталните вештини, вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталните јавни услуги, оваа програма игра клучна улога во обликувањето на дигиталната иднина на Европа.

Како дел од нашата посветеност за унапредување на дигиталните иновации и трансформација низ секторите, Министерството за дигитална трансформација поканува предлози за проекти кои ќе придонесат за дигитализација на нашата земја, ги охрабруваме засегнатите страни од целиот јавен и приватен сектор, вклучувајќи ги истражувачки организации, мали и средни претпријатија, претставници на индустријата и граѓанското општество, да учествуваат на објавените повици. Заедно, можеме да ја искористиме моќта на дигиталните технологии за да поттикнеме иновации, да го поттикнеме економскиот раст и да го подобриме квалитетот на животот за сите.

DEPLOYMENT ACTIONS IN THE AREA OF CYBERSECURITY

Call: DIGITAL-ECCC-2024-DEPLOY-CYBER-07 (6 topics)

Call closing date: 21 January 2025

CLOUD, DATA AND ARTIFICIAL INTELLIGENCE

Call: DIGITAL-2024-CLOUD-DATA-AI-07 (1 topic)

Call closing date: 21 November 2024

ACCELERATING THE BEST USE OF TECHNOLOGIES

Call: DIGITAL-2024-BESTUSE-07 (1 topic)

Call: DIGITAL-2024-BESTUSE-TECH-07 (1 topic)

Calls’ closing date: 21 November 2024

ADVANCED DIGITAL SKILLS

Call: DIGITAL-2024-ADVANCED-DIGITAL-07 (1 topic)

Call closing date: 21 November 2024

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...