spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Средба на министерот Муртезани со францускиот амбасадор Бомгартнер

МЕП: Средба на министерот Муртезани со францускиот амбасадор Бомгартнер

На 9 Јули 2024 година Министерот Орхан Муртезани оствари средба со Амбасадорот на Француската Република во Северна Македонија, неговата екселенција Сирил Бомгартнер.

Во фокусот на дискусијата беа евроинтегративните процеси, билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Франција како и можностите за продлабочување на истата.

Во 2021 година беше ратификуван Договорот помеѓу Северна Македонија и Француската Република за основањето на Француската развојна агенција, ПРОПАРКО и Експертиза Франција во Северна Македонија кој отвора можности за соработка особено во поглед на заштита на животната средина и климатските промени, економски развој и социјала.

Со назначувањето на Миа Матковиќ како нов експерт, Франција уште еднаш ја потврди нејзината поддршка за процесот на европска интеграција на Северна Македонија и нејзиното приближување до полноправно членство во унијата.

Говорниците ја потврдија заложбата за продолжување и продлабочување на успешната билатерална соработка.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...