spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба Филков-Памер

МП: Средба Филков-Памер

 Австрија ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон Европската унија. 

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер. 

Се дискутираше за билатералната соработка на двете држави, заедничките проекти и планираните реформи во правосудството. 

Во наредниот период се очекува започнување  на активностите во договорени сфери на интерес кои произлегуваат од меморандумот кој пред една година го потпишаа министерствата на двете држави за зајакнување на соработката во областа на заштитата и спроведувањето на принципите на владеење на правото, реформите во областа на граѓанското и кривичното право, борбата против корупцијата, дигиталзиацијата    на правосудството. 

На денешната средба договорено е  да се интензивира соработката со Австрија чии  искуства и знаења  ќе бидат од голема помош за нашата држава во процесот на спроведување на реформи и борба против корупцијата.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Карпош: Јакимовски – Орце е обична фигура во ЗЕЛС, политиката се...

0
Преку нарачани недолични памфлети во партиски гласила  владејачката ВМРОДПМНЕ покажува дека не ја сфаќа сериозно пораката за напуштање на ЗЕЛС. Со ваквиот однос покажуваат дека ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на ВМРОДПМНЕ, а Орце Георгиевски е само една обична фигура на чело на ЗЕЛС, порача денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски. „Мојата најава дека доколку министрите во владата на Р. Македонија продолжат на ваков начин да вршат притисок и неодговорно да се однесуваат кон општина...