Седумчлена комисија од Општина Карпош која е задолжена за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на покриви на станбени згради и замена на азбестни покриви на куќи, деновиве се состана и ги разгледуваше пристигнатите предмети од граѓаните кои аплицирале за добивање на субвенции за оваа намена. Исто така, членовите на комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиски средства за поправка и санација на постоечки и поставување на нови лифтови во станбените згради, ги разгледуваше пристигнатите предмети од карпошани.
Во таа насока, откако беше утврдено дека документацијата на граѓаните кои аплицирале за субвенции е уредна и целосна, Општина Карпош им исплати парични средства на карпошани во висина од 1.326.199 денари, за промена на азбестните покриви на шест индивидуални куќи, како и кровни покривачи на две станбени згради.
Според динамиката на работење на комисијата, во постапка на разгледување се уште осум предмети на потенцијалните корисници на субвенции, за кои се предвидени 1.291.214 денари.
По поднесување на финансискиот извештај за субвенции на лифтови од страна на надлежната комисија, Општина Карпош ќе им исплати на граѓаните кои аплицирале на овој јавен повик, парични средства во висина од 477.605 денари за санација на два лифта во колективни згради кои се наоѓаат на ул. „Јуриј Гагарин„ и ул. „Вич“.

Комисијата е во постапка на разгледување на уште девет предмети кои се однесуваат на санација на седум постоечки лифтови, како и набавка на два нови лифта, за што локалната самоуправа предвидува парични средства во висина од 3.175.908 денари.
Во прилог на оваа информација ги објавуваме и табеларните прикази на исплатените предмети по основ, субвенции за замена на азбестни покриви на индивидуални куќи и промена на кровни покривачи на колективни станбени згради:
1 | Предмет11-1691 | ул.Мраморец | Индивидуална куќа-С.П. | Исплатен120.000 | |
2 | 11-1896 | ул.Мраморец | Индивидуална куќа-К.Ѓ. | Исплатен120.000 | |
3 | 11-1968 | ул.Кленоец | Индивидуална куќа-И.К. | Исплатен120.000 | |
4 | 11-2082 | ул.Јуриј Гагарин | Индивидуална куќа – Н. Ц. | Исплатен120.000 | |
5 | 11-2174 | ул. Јуриј Гагарин | Индивидуална куќа – Љ. Т. | Исплатен99.756 | |
6 | 11-2331 | ул. Теодосиј Синаитски | Индивидуална куќа – М.А. | Исплатен120.000 | |
7 | 11-2668 | ул. Никола Русински | Управител Тау Цети | Исплатен274.350 | |
8 | 11-2667 | ул. Никола Русински | Управител Тау Цети | Исплатен274.350 | |
Вкупна сума 1.326,199 денари |
како и субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош:
1 | Предмет11-2828 | Ул.Јуриј Гагарин | Сити Хаусинг Дооел | Вкупна сума134.225 | Санација на лифт | |
2 | Предмет11-2622 | Ул.Вич | Хаус Мулти сервис Скопје | Вкупна сума343.380 | Санација на лифт | |
Вкупна сума 477.605 денари | ||||||
Одделение за односи со јавноста
Извор: Општина Карпош