spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев оствари средба со вработените

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со вработените

Министерот Горан Минчев оствари работна средба со сите вработени од Министерството за јавна администрација, со цел информирање за актуелната состојба на министерството како и за понатамошните планови и цели за раст и развој.

Воедно, ги сослуша предлозите и сугестиите изнесени од страна на вработените, претежно во насока за подобрување на целокупното функционирање на министерството.

Министерот Минчев со своите најдобри заложби истакна максимално разбирање и поддршка по однос на барањата на вработените, пред се во домен на капацитетот, условите и кадровската поставеност. 

Целиот процес кој што претстои во иднина е комплексен и тежок, но заеднички како тим, ќе овозможиме значително позитивно влијание и напредок, а со цел поставување на цврсти темели за функционално и сериозно министерство – истакна Минчев.

Извор: Министерство за јавна администрација

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...