spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Филков го прими претставникот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за...

МП: Министерот Филков го прими претставникот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации – УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој

На средбата беа разменети мислења и информации за досегашната соработка на Министерството за правда со УНХЦР, како и институционалната и материјалната поддршка како клучни за зајакнување на капацитетите за изнаоѓање одржливи решенија за луѓето во ранливи ситуации.

Договорено е во наредниот период да се преземат заеднички активности , да се посети Прифатниот транзитен центар во Гевгелија со цел да им се обезбеди полесен и непречен пристап на мигрантите/бегалците до постапката за признавање на правото на азил.

Габриел Гуалано де Годој изрази благодарност за заложбите на Министерството за правда  за поддршката и коордирањето на процесот за  системско и трајно решавање  на повеќедеценискиот проблем на приближно 700 лица во нашата држава кои беа неевидентирани и незапишани во матичната книга на родени со што станавме прва земја во Европа и втора во светот што го реши проблемот со неевидентирани лица.
Билатералната соработка и реализацијата на проектите ќе продолжат и во наредниот период.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МЖСПП: Лашкоска – Намалување на ризиците од катастрофи бара широка соработка...

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на министерска тркалезна маса на тема: „Зголемување на активностите за намалување на ризикот...