spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Обука за правните аспекти за концептот на нетирање и модалитети за...

МФ: Обука за правните аспекти за концептот на нетирање и модалитети за спроведување во пракса

 Во просториите на Министерството за финансии се одржа обука на тема Правни аспекти за концептот на нетирање (close out netting) и модалитети за негово спроведување во пракса. Обуката е во рамки на проектот  „Развој на правна и регулаторна рамка за деривативи и репо“ – проект поддржан од Европската банка за обнова и развој, а Министерството за финансии е директен корисник на техничката помош.

Проектот, официјално својот почеток го имаше во мај 2024 година со заедничка средба на експертите ангажирани од ЕБОР и претставници на засегнатите страни: Министерството за финансии како директен корисник на техничката помош, Народна банка, Комисијата за хартии од вредност и Министерството за правда. Од страна на Европската банка за обнова и развој како правни консултанти се ангажирани Адвокатската канцеларија Лазаров од Скопје и Адвокатско Друштво Цветкова Бебов и партнери, член на Евершедс Сатерленд (Eversheds Sutherland ) од Софија. Времетраење на проектот е 18 месеци.

 Целта на проектот е креирање на законско решение и соодветни измени во постојната законска регулатива во областа на пазарот на капитал, стечајот и деривативите и репо  договорите, со фокус на пребивањето (close-out netting), со цел да се добие позитивно правно мислење од страна на ISDA Лондон (International Swaps and Derivatives Association ) во делот на склучувањето на репо договори. Ова особено ќе им помогне на домашните банки при склучување на репо догвоори во странство, односно позитивно даденото правно мислење од страна на ISDA, ќе значи обезбедена сигурност и понизок ризик за домашните банки при склучување на репо договорите во странство. 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го...

0
„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко...