spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба Филков-Григоријан

МП: Средба Филков-Григоријан

Почитувани

Министерот за правда Игор Филков оствари официјална средба со постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан на која се дискутираше за досегашната соработка и проектите кои треба да се реализираат.

УНДП е долгогодишен партнер на Министерството за правда а соработката резултира со бројни активности, обуки, конференциии и одржани работилници кои се од исклучителна важност за правосудството и зајакнување на неговите капацитети.

Како особено значајна беше истакната поддршката во делот на обуките за бесплатната правна помош во врска со бегалското право и системот на азил како и организираните работилници од областа на кривичното законодавство.

Министерот Филков беше информиран и за реализацијата на проектот ,, „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ кој започна на 1 јануари 2023 година и ќе трае четири години.Со него се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово. Во нашата држава, проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на активностите за подигање на свеста за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето по пат на регрантирање на граѓанските организации.

Посебен осврт беше даден за ефектите од работилницата за Анализа на законодавството,, Сузбивање на компјутерски сексуален криминал” која беше организирана од УНДП МК во соработка со Корејската полиција и УНДП Кореја .

Се разговараше и за Стратегијата за развој на правосудуството 2024-2028, како и состојбата во затворите и можностите за ресоцијализација на осудените лица.

Соработката со УНДП ќе продолжи и ќе се интензивира во периодот кој следи.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте