Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000 метри квадратни.
Повеќе од 40 години оваа клучна сообраќајница никој не ја реконструирал, што е евидентно од состојбата во која се наоѓа. Истовремено ќе биде решен и деценискиот проблем кој граѓаните го имаaт со поплавување на нивните домови и ќе биде поставена нова атмосферска линија. Граѓаните на општина Бутел му дадоа доверба на градоначалникот Дарко Костовски – доверба која градоначалникот во целост ќе ја оправда и секогаш ќе работи во нивен интерес.
Со градежните активности на оваа улица, локалната самоуправа започна со реконструкција на најзначајните сообраќајници во општина Бутел. Градежната офанзива е со силна динамика. Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обновата и подобрувањето на патната инфраструктура на општина Бутел.
Извор: Општина Бутел