spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски од Велика Британија: Остварив повеќе средби со државници од регионот и...

Мицкоски од Велика Британија: Остварив повеќе средби со државници од регионот и соседството, главен приоритет на Владата е воспоставување на добрососедски односи

Денеска се одржува Самитот на Европската Политичка Заедница.

На самиот Самит имав можност да остварам многу билатерални средби, меѓу кои би ја издвоил билатералната средба со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија. Потоа средбите со државниците од регионот и соседството како што е средбата со Претседателот на Република Срвија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора. Потоа, Радев претседател на Бугарија.

На сите овие средби имав можност да разговарам за тоа што претставува предизвици за регионот и она кое што претставуват приоритети на идната македонска Влада.

Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот кој што го имаме со нашиот источен сосед.

Понатаму би ги потенцирал средбите кои што ги имав со претседателот Зеленски, но и претседателот на Европскиот Совет Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска влада.

Би го издвоил и моето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што можев да зборувам за предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на нашата земја. А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со која што ќе се снабдува Централна Европа.

Се враќаме назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси овде во Оксфорд, Велика Британија.

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Лашкоска – Намалување на ризиците од катастрофи бара широка соработка...

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на министерска тркалезна маса на тема: „Зголемување на активностите за намалување на ризикот...