spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР : Исплатени директните плаќања за остварено производство со полјоделски култури и...

АФПЗРР : Исплатени директните плаќања за остварено производство со полјоделски култури и дополнителните директни плаќања за предадено овошје во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на две мерки од програмата за финансиска поддршка во земјоделството.

Исплатени се над 4300 полјоделци со сума од 252.2 милиони денари за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои оствариле минимални просечни приноси и тоа : 3000 кг / хектар со пченица и јачмен, 1500 кг/хектар со сончоглед, 1800 кг / хектар со маслодајна репка и 300 кг / хектар со афион.

Висината на поддршката е 6000 денари за пченица, сончоглед и маслодајна репка, 12000 денари за јачмен и 18000 денари за афион.

Кон 293 лица е извршена исплата во вредност од 14.7 милиони денари за предадено овошје во преработувачки капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и кои оствареното производство во периодот од 26 декември 2022 до 25 декември 2023 го имаат предадено во преработувачки капацитети со овошје.

Висината на директните плаќања е 3 денари по килограм. 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...