spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Човековиот капитал е незаменлив ресурс во функционирање

УЈП: Човековиот капитал е незаменлив ресурс во функционирање

Директорката на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова, започна серијата на средби со вработени во Управата за јавни приходи. Првата средба ја одржа со вработените од Регионалната Дирекција Скопје откако претходно ги повика сите вработени од оваа дирекција, кои што имаат интерес да се пријават и да земат учество на истата.

На средбата Директорката истакна дека човечкиот капитал е незаменлив ресурс за функционирање на Управата за јавни приходи. Човечки капитал не се само службениците како ресурс, туку и компетенциите, знаењето и организациската култура, а секако тука влегуваат и мотивацијата и задоволството на вработените од работодавачот. Технологијата може да се купи, ама човечкиот капитал го создаваме сами.

Мој фокус ќе биде континуиран дијалог и одржување добра врска меѓу врвното раководство и вработените во УЈП. Започнав со серија средби со вработените, упатувајќи им претходно повик на сите вработени што имаат интерес – рече Директорката.

Средбите продолжуваат и во наредниот период.

Извор: Управа за Јавни приходи

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...