spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: „БРОЈОТ НА УСПЕШНО ЗАТВОРЕНИ ПРЕДМЕТИ ЌЕ БИДЕ ЕДИНСТВЕНАТА „МОРАЛНА ВЕРТИКАЛА“ СПОРЕД...

ДКСК: „БРОЈОТ НА УСПЕШНО ЗАТВОРЕНИ ПРЕДМЕТИ ЌЕ БИДЕ ЕДИНСТВЕНАТА „МОРАЛНА ВЕРТИКАЛА“ СПОРЕД КОЈА ЈАВНОСТА ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ОЦЕНИ НАШАТА РАБОТА“

Новиот состав нa ДКСК мандатот го започна пред пет месеци односно на 8 февруари 2024 година. До сега и тоа во речиси тримесечен изборен период на двојни избори досега се затворени:

  • 21 предмет од областа на судир на интереси,
  • точно 61 предмет од областа на спречување на корупција,
  • како и 107 предмети од следење на имотна состојба.
  • на седницата која е закажана во среда на 24 јули, ке бидат разгледувани околу 150 предлог одлуки по оформени предмети од новиот состав на ДКСК.

Дополнително, започнати се и активно се постапува на точно 103 постапки за прекршоци предвидени во Законот за спречување на корупција и судирот на интереси.

Потенцираме дека само и единствено со вакви факти ќе ја презентираме успешноста на нашата работа, наспроти популизмот наметнат во јавноста. Сметаме дека возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам со кој не се оправдува бројот на незатворени предмети од претходниот состав на ДКСК. Дополнително поранешната претседателка во јавноста беше присутна со паушални поединечни изјави за секакви случаи без претходно да се провери документацијата и да се направи проценка дали има основи за отворање на предмети. Ваквиот начин на работа не треба да биде мерило за успешност или можеби треба бидејќи факт е дека на претходната ДКСК за цел мандат и беа прифатени исклучително мал број на иницијативи за поведување на постапка за кривично гонење од страна на Јавното обвинителство.

Иако според претходниот состав на ДКСК тоа се должеше на несоодветната работа на Јавното обвинителство можеби причините треба да се бараат во немањето на доволно аргументи, површноста и квалитетот на иницијативите.

Како врвни професионалци во својата област ние сме избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија со консензус од сите политички партии и Собранието е првото место за контрола и оценка на нашата работа, а јавноста секогаш ќе биде навремено информирана за нашата работа. Во оваа насока, а наспроти популизмот наскоро на јавноста ќе и го презентираме извештајот за извршената внатрешната ревизија на институцијата, при што ќе побараме од сите надлежни институции да постапат согласно своите законски надлежности.

Во однос на темата од интерес на јавноста во однос на поседување на дипломатски пасоши, го цитираме Законот за патните исправи на државјани на Република Северна Македонија, или прецизно делот од член 11, во кој се вели:

„Дипломатски пасош се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи; на дипломатско-конзуларни службеници вработени во Министерството за надворешни работи или упатени на работа во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство;……..“

Потенцираме дека претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска како и членовите на новиот состав на ДКСК Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски, се избрани едногласно од страна на Собранието на Република Северна Македонија, каде што имаат дадено и свечена изјава на почетокот на нивниот мандат дека функцијата ќе ја извршуваат одговорно и професионално. Дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право кое служи единствено за извршување на службената должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да се употребува за приватни цели.

Ова право не си го доделува самата ДКСК туку законот кој го донел парламентот и министерот кој е овластен со процедура според законот. За да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност го повикуваме и новиот министер за надворешни работи да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа.

Што се однесува до темата службени автомобили, одговорно изјавуваме дека до ниту една државна институција никогаш не е испратено барање за доделување на службени автомобили на членовите на ДКСК вклучувајќи ја и претседателката Димитровска. Во рамките на ребалансот на Буџетот на РСМ, ДКСК не побарува финансиски средства за купување на автомобили.

ДКСК како институција има потреба од службени возила и за истите ќе се бара соодветно решение, но потенцираме ниту се побарани, ниту ќе бидат барани одделни возила за членовите на ДКСК.

На крајот укажуваме дека ДКСК транспарентно ќе ја извршува својата работа и во секое време им стои на располагање на медиумите за повеќе информации. Oттука, целосна дезинформација е веста дека сме побарале нови возила за секој член на Комисијата. Тоа би било спротивно со самата функција на секој член на Комисијата. Очигледно на некој му пречи објективното и законското постапување на ДКСК, штом упорно сака да ја дефокусира јавноста со пласирање неточни информации.

Со почит,

ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...