spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: СООПШТЕНИЕ за процесот на именување на директори односно вршители на должност...

ДКСК: СООПШТЕНИЕ за процесот на именување на директори односно вршители на должност (в.д.) директори

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) известува дека внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции. Комисијата ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали истите се предвидени и дозволени.

Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива. Комисијата се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции.

Целта на овие проверки е да се осигура дека секое именување е направено во согласност со важечките закони, и дека нема злоупотреба на функцијата за лични или политички интереси. 

Комисијата ќе продолжи со мониторингот и со својата работа ќе придонесува за одржување на интегритетот и довербата во институциите од јавниот сектор.

ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...