Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 113.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.6 %), Уметност, забава и рекреација (19.0 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.3 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.7 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.4 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2024 година, изнесува 41 252 денари.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика