spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Германија е наш најголем трговски партнер и поддржувач во реформите за...

МЕТ: Германија е наш најголем трговски партнер и поддржувач во реформите за што е доказ и Берлинскиот процес

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија Петра Дрекслер.

Министерот Дурмиши на средбата истакна дека Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија кој има учество од околу 24% во вкупната трговска размена на нашата земја и учествува околу 40% во вкупната трговска размена со земјите од ЕУ.

Трговската размена бележи континуиран раст, а тоа се должи во најголем дел на значајните германски инвестиции кои се над 10 и работат во зоните.Соработката и блискоста помеѓу двете економии, се манифестира и преку бројните германски инвестиции во земјава.

Министерот Дурмиши потенцираше дека радува податокот дека за 10 години вкупните инвестиции од Германија во Северна Македонија изнесуваат 675 милиони евра, а само во 2023 година се инвестирани 108 милиони евра од германски компании во нашата земја

“За нас како Министерство за економија и труд во чија надлежност се условите за работа на странските инвеститори од голема важност е да работиме на подобрување на деловната клима, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст.Колку повеќе германски компании инвестираат во Северна Македоија, толку повеќе расте извозот“ кажа министерот Дурмиши на средбата со германската амбасадорка Дрекслер.

На состанокот беше истакнато дека Германија е партнер и поддржувач на Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ, преку поддршка во реформите и развојниот процес, а Берлинскиот процес како меѓувладина иницијатива за соработка во насока на забрзување на евроинтегративниот процес е јасен показател за поддршката која ја добиваме од Германија.

Министерот Дурмиши изрази надеж дека трендот на соработка кој го имаме досега со Германија ќе продолжи и ќе се интензивира во сите области, со крајна цел забрзување на процесот на влез на Северна Македонија во ЕУ.

Извор: Министерство за економија

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување...