spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Презентирана новата предлог формула за распределба на блок дотации на детските...

МСПДМ: Презентирана новата предлог формула за распределба на блок дотации на детските градинки

Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше презентирана новата предлог формула за распределба на блок дотации на детските градинки.

Оваа формула треба да придонесе за поправедно и потранспарентно доделување на средства кон општините наменети за детските градинки.

Од страна на експертите од Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, со поддршка на Светска Банка и со вклученост на претставници на Mинистерството за социјална политика, демографија и млади, претходно беа одржани неколку работилници на кои се работеше на креирање на новата предлог формула и систем на финансирање заснован на јасно утврдени стандарди. За изработката на оваа формула се земаат предвид одредени параметри кои јасно укажуваат на реалните трошоци на детските градинки.

Секое дете заслужува квалитетно предучилишно воспитание, образование и грижа!

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

Мицкоски: Работиме на мега инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавениот инфраструктурен бум и дали Владата, освен патиштата...