spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба на министерот Лимани со Националниот сојуз на слепи

МСПДМ: Средба на министерот Лимани со Националниот сојуз на слепи

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со претседателот на Националниот сојуз на слепи, Жарко Селковски.

На средбата соговорниците разговараа за предизвиците со кои се соочуваат слепите лица во државата, правата кои ги користат од системот на социјална заштита, како и асистенцијата која во моментот им е достапна. 

Заклучоците од средбата беа да се дојде до заедничко најсоодветно решение кое ќе значи унапредување на правата на слепите лица и подобрување на квалитетот на живот на истите.

Соговорниците изразија подготвеност за зајакнување на соработката помеѓу министерството и сојузот, но и вклучување на институциите кои се поврзани со оваа област.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

Мицкоски: Работиме на мега инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавениот инфраструктурен бум и дали Владата, освен патиштата...