spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТ: Средба Николовски - Силвестри - Имаме потенцијал за поголема економска соработка

МТ: Средба Николовски – Силвестри – Имаме потенцијал за поголема економска соработка

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и нагласи дека поддршката што ја овозможува Италија е значајна за севкупниот развој на државата.

На средбата министерот Николоски го запозна амбасадорот Силвестри со владината програма и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија и прашањата за процесот на реформи кои се спроведуваат како дел од интегративниот пат на Македонија во Европската Унија.

Министерот изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.

Извор: Министерство за транспорт

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со со романската...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела...