Министерот за здравство д-р Арбен Таравари оствари работна средба со норвешката амбасадорка, Кристин Мелсом, на која разговараа за продлабочување на соработката во здравството меѓу двете држави.
Честитајќи му ја позицијата на министерот Таравари, амбасадорката изрази подготвеност за поддршка на нашиот здравствен систем и размена на меѓусебни искуства во областа на здравството.
Извор: Министерство за здравство