spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОПМ: ЈАВЕН ПОВИК за избор на 2 (двајца) амбасадори за акциjaта еТвининг

НАЕОПМ: ЈАВЕН ПОВИК за избор на 2 (двајца) амбасадори за акциjaта еТвининг

Врз основа на Решение 20-686/2 од 17.07.2024 г.  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:

                                                                                   

ЈАВЕН ПОВИК
                                               

за избор на 2 (двајца) амбасадори за акциjaта еТвининг

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг за 2024-2026 година, потребно  е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да пристапи кон избор на 2 (двајца) eTвининг амбасадори, за еТвининг акцијата со мандат кој ќе трае до крајот на две гододишниот еТвининг акциски план, почнувајќи од септември 2024 г.

1)Задачите на амбасадорите се следни:
• Претставување и промовирање на еТвининг активностите во склоп на Еразмус+ програмата
• Организирање на локални и регионални работилници со физичко присуство
• Промоција на e eТвининг платформата на социјални мрежи
• Корисничка поддршка
• Споделување успешни приказни
• Координација со носители на политики ( Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието)
• Промоција на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
• Одобрување на кориснички профили и креирани проекти во ЕСЕП платформата (European School Education Platform)
• Оценување на еТвининг проекти согласно „ еТвининг рамката за ознака за квалитет“
• Учествување во работни групи и состаноци организирани од страна на националните сервиси за поддршка или пак од страна на централниот сервис за поддршка:
еТвининг амбасадорот има обврска да учествува во работни групи и состаноци како дел од националниот сервис за поддршка во земјава и надвор и е должен да поднесува извештаи до еТвининг координаторот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

2)Организирање на локални и регионални работилници:

• Амбасадорот во текот на договорниот период e должен да организира месечно по една работилница со физичко присуство (со исклучок на месец јули и август), во градинки, основни и средни училишта низ Република Северна Македонија.
• Работилниците ќе бидат со времетраење од 3 часа и ќе се состојат од запознавање на присутните со можностите кои ги нуди еТвининг платформата, помош при креирање на личен профил, одобрување на кориснички профил и проект во ЕСЕП платформата, претставување на ИКТ алатка и приказ на креирање на еТвининг проект и примена на истото во секојдневната работа со учениците.
• Целта на промоцијата на еТвининг платформата е зголемување на бројот на корисници на порталот, запознавање на воспитувачите, наставниците, професорите, директорите и локалната заедница со еТвининг порталот и можностите кои оваа платформа ги нуди

3) Одржување на локалните и регионалните работилници:

• Настаните ќе се одржуваат со физичко присуство на македонски јазик, на локации во земјава, во договор со еТвининг координаторот. По секој одржан настан, потребно е амбасадорот да достави листа на присуство, фотографија и патни трошоци од одржаниот настан до еТвининг координаторот и истите да ги чува и за себе како доказ.
• Во текот на планираните активности важно и неопходно е амбасадорите да соработуваат со еТвининг координаторот и да добијат согласност за своите активности.

4) Финансиски надоместок:

• Националната агенција ќе им исплаќа финансиски надоместок на ангажираните амбасадори кој износ ќе биде регулиран со Договор за еТвининг амбасадори.  

5) Критериуми за пријавување: Сите заинтересирани кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
• Да се вработени во основно, средно училиште или градинка во Република Северна Македонија
• Да се регистрирани на еТвининг порталот
• Да се искусни еТвинери со учество во минимум 10 еТвининг проекти
• Да поседуваат најмалку еден сертификат за професионален развој во еТвининг платформата
• Да поседуваат сертификат за одржана обука со физичко присуство
• Да се искусни во користење ИКТ алатки неопходни за работа во еТвининг порталот
• Да имаат развиено организациски, комуникациски и презентациски способности.

Начин на аплицирање: Кандидатите е потребно да ги достават своите апликации на електронската адреса: aneta.zdravkovska@na.org.mk најдоцна до 25.07.2024 година заедно со

• кратка биографија
• Свои податоци: име и презиме, телефонски број, електронска адреса, име на училиште и адреса на живеење

Општи мерки за спречување на корупција
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (двајца) еТвининг амбасадори за  еТвининг акцијата во времетраење на двегодишниот акциски план и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте

Кисела Вода: Организирана акција за садење дрвца

0
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за...