spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваСредба на министерот Муртезани со германската амбасадорка Дрекслер

Средба на министерот Муртезани со германската амбасадорка Дрекслер

Во просториите на Министерството за европски прашања, Министерот Муртезани имаше средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер.

На средбата се разговараше за темите поврзани со европските интеграции на земјата, билатералните односи меѓу двете земји, спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда кои се важни за поттикнување на реформите и економскиот развој во земјата, а чија цел е забрзување на социо-економската конвергенција на регионот во Европската Унија.

Министерот Муртезани на состанокот изрази уверување дека континуираната германска поддршка на нашиот европски пат, демократијата, владеењето на правото, доброто владеење, економскиот развој, животната средина и ублажувањето на климатските промени се од суштинско значење за нашата држава.

На состанокот соговорниците се осврнаа и на соработката во рамките на Твининг проектите финансирани од ЕУ, за што потенцираа дека успешно се реализирани 11 Твининг проекти во различни области и тоа во делот на полициските реформи, статистиката, приближувањето на политиката на конкуренција, јавните набавки, земјоделството, борбата против корупцијата, подобрувањето на условите за вработување, истражни центри во МВР.

На крајот на средбата министерот Муртезани изрази искрена благодарност за севкупната политичка, економска и проектна помош дадена од Германија за Република Северна Македонија.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Гази Баба: Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата и...

0
Изминатиот период пред повеќе општински основни училишта и детски градинки поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а...