spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Градежно – занаетчиски работи во општинските основни училишта

Гази Баба: Градежно – занаетчиски работи во општинските основни училишта

Летниот период од годината го користиме за реализација на градежно – занаетчиски работи во општинските основни училишта со цел создавање на подобри и поквалитетни услови за учениците во новата учебна година.

Градежни активности се реализираат во повеќе училишта и тоа:

✔️ООУ Његош се врши комплетно молерисување на училиштето и фискултурната сала;
✔️ООУ Стив Наумов уредување на училишниот двор со павер елементи;
✔️ООУ Кирил и Методиј, подрачно училиште Страчинци реконструкција на покривот;
✔️ООУ Крум Тошев, реконструкција на дел од водоводна и канализациона мрежа;
✔️ООУ Наум Охридски, втора фаза за изградба на училишната сала;
✔️ООУ Григор Прличев, изградба на челични скали за евакуација.

Општина Гази Баба подготвено ќе го дочека почетокот на новата учебна година.

Дополнително во тек е изработката и на училишните униформи кои ги обезбедуваме бесплатно за секој ученик.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

МЕП: Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на дипломатска делегација на Турција во рамките на состанокот за споделување искуства во процесот на...