spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Новиот заменик министер за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски го започна...

МДТ: Новиот заменик министер за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски го започна својот мандат

Во конструктивна и позитивна атмосфера се одржа првиот работен состанок меѓу министерот Стефан Андоновски и новиот заменик министер за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџиски, на кого и официјално од денеска му започна мандатот на оваа функција.

Министерот Андоновски му го честиташе изборот на Настасијевиќ Варџиски, посакувајќи му успешна и продуктивна работа во насока на остварување на приоритетните цели и задачи на Министерството поврзани со дигитализацијата.

Двајцата соговорници се согласија дека со силно залагање, тимска и посветена работа, ќе се постигнат посакуваните резултати, со што ќе ја оправдаат довербата на граѓаните.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

Центар: Започна реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“

0
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше во населбата Капиштец каде започна реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“. Градежните активности предвидуваат отстранување на стариот и...