spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Средба на министерот Муртезани со претставничката на УСАИД, Дајбл

МЕП: Средба на министерот Муртезани со претставничката на УСАИД, Дајбл

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес имаше средба со претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл, на која беше реафирмирана американската поддршка во напорите за зајакнување на демократските практики и институции, зголемување на економскиот развој и подобрување на квалитетот на образованието во земјата.

Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната помош која Северна Македонија ја добива од САД преку програмите на УСАИД кои се фокусираат на промовирање на судските реформи и транспарентно владеење, унапредување на децентрализацијата, зајакнување на економската конкурентност, промовирање на енергетската ефикасност, креирање политики за усогласување со регулативите на ЕУ и други значајни реформски области. Присуството на УСАИД во нашата земја е од витално значење во остварувањето на нашите стратешки приоритети – членството во ЕУ – посочи Муртезани на средбата.

Tековната Стратегија за развојна соработка на земјата 2020-2025 е фокусирана да обезбеди поддршка за промовирање на просперитетна, демократска и безбедна држава, посветена на евроатлантските интеграции, што во голема мера оди во чекор со нашите заложби за градење на модерна европска демократија.

Соговорниците се согласија дека двете земји ќе продолжат да работат во партнерство со цел реализација на приоритетите на Северна Македонија, поттикнување на реформите кои и’ помагаат на земјата на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, промовирање на одговорно лидерство, односно дека УСАИД и Владата на Северна Македонија ќе продолжат посветено да работат на унапредување на заедничката визија низ партнерството кое трае повеќе од 3 децении.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...