spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Активно се работи на изградбата на новиот објект на полициската станица

Аеродром: Активно се работи на изградбата на новиот објект на полициската станица

Министерството за внатрешни работи по иницијатива на в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, ќе ја разгледа можноста за отворање канцеларии за фотографирање и издавање лични документи на граѓаните во рамките на новиот објект на полициската станица во Аеродром.

Ова беше истакнато денека при увидот во градежните активности на новата зграда што го извршија министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и в. д. градоначалникот Митески.

Министерот Тошковски истакна дека по барање на Митески, Министерството ќе ја разгледа можноста за отворање канцеларии во новата полициска станица, со што на аеродромци во голема мера ќе им се олесни пристапот до вадење лични карти, пасоши и возачки дозволи.

Изградбата на новиот објект што се наоѓа на местото на поранешната полициска станица на булевар „Србија“ се одвива според планираната динамика и се очекува да биде пуштен во употреба наредната година. Новата зграда е од огромно значење бидејќи полициските службеници ќе добијат современи услови за работа, а аеродромци ќе можат поедноставно да ги добиваат потребните услуги и да ги остваруваат своите права.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...