spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

АПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

Гранит Османи е од Куманово. Основното училиште го заврши во родниот крај. Во потрага по средно образование и притисокот што го диктираше тогашното време против школувањето на албански јазик за учениците Албанци, беше принуден да започне средно образование во Прешево и по повторното отворање на паралелките по албанскиот јазик се вратил на Гимназијата во Куманово.

Високите студии ги заврши на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Поранешниот борец, во АПЈ доаѓа од приватниот сектор.

Гранит Османи рече дека со возбуда и задоволство, но и со одговорност го дочека неговото назначување за в. д. директор на АПЈ, особено имајќи го предвид високото академско ниво на кадарот и преведувачите. Тој, исто така, истакна дека ќе го продолжи патот на неговите претходници за унапредување на историската мисија на двојазичноста во РСМ.

Во првите денови од работата во Агенцијата за примена на албанскиот јазик, в. д. директорот Гранит Османи оствари средба со вработените на секој сектор поединечно, за да се запознае одблиску со текот на работата на АПЈ.

Извор: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...