spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: На сите општини, особено на помалите им е потребна поддршка од...

МЛС: На сите општини, особено на помалите им е потребна поддршка од Владата, ќе ја имаат како никогаш досега, важен ни е развојот на секое населено место

Ревитализација на селата и на подрачјата преку инфраструктурни проекти, кои можат да влијаат на подобрување на стандардот на живеење во сите единаесет рурални населени места во општина Лозово, беше една од темите на денешната средба меѓу министерот за локална самоуправа, ЗлаткоПерински и градоначалникот на  Лозово, Бошко Цветковски.

На средбата се разговараше за приоритетните потреби на општината, за тековните проекти, кои што се финансираат од буџетската програма за рамномерен регионален развој, како и за развојните потенцијали на општината.

На состанокот градоначалникот Цветковски истакна дека  општина Лозово е подготвена да аплицира за финансирање на проект со средствата од Владата наменети за општините.

Министерот Перински нагласи дека е важно општината да ја искористи оваа можност со цел да се подобрат условите на живеење на граѓаните од Лозово.

-На сите општини, особено на помалите им е потребна поддршката од Владата, ќе ја имаат како никогаш досега, важен ни е развојот на секое населено место, рече министерот Перински.

Министерот за локална самоуправа рече дека по објавувањето на јавниот повик за проекти сите општини имаат подеднаква можност за аплицирање. Постапката на проверка на проектите ќе ја спроведе Министерството за локална самоуправа и најважно е проектите да имаат комплетна проектна документација и да имаат влијание на подобрување на условите за живеење во општината. Целта е расположливите средства да бидат максимално реализирани преку добри и проекти, кои што ќе бидат корисни за граѓаните, рече министерот Перински.

Општина Лозово ќе аплицира со проекти, кои се однесуваат во делот на патната инфраструктура и за прв пат од постоењето на локалната самоуправа ќе се стави фокус на целосна реконструкција на повеќе локални патишта, согласно предвидените средства, кои ќе бидат доделени од Министерството за локална самоуправа.

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте