Велосипедскиот хепенинг на памптрак стазата во Градски парк, беше вистинско доживување за учесниците и граѓаните кои што го следеа. Учесниците се натпреваруваа во техничко-брзинско возење во должина од три круга и ги покажаа своите вештини во совладување на патеката. За време на настанот имаше и бесплатно сервисирање на велосипеди но и обука за правилно сервисирање на велосипедите. Течеше и акцијата „Донирај велосипед“ која е дел од настанот во организација на Здружението Велес Бајкинг.
Настанот е дел од програмата на Велешко лето 2024. Вечерва, на големо задоволство на граѓаните, на Плоштадот на Којник ќе настапи Велешка чалгија.
Извор: Општина Велес