spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Одржан Собир со жителите од с. Ѕвегор за решавање на проблемот...

Делчево: Одржан Собир со жителите од с. Ѕвегор за решавање на проблемот со водоснабдувањето

По барање на жителите на с.Ѕвегор, Градоначалникот на Општина Делчево организира Собир на граѓани на кој беа поканети да присуствуваат сите полнолетни жители на с.Ѕвегор, а присуствуваа претставници на жителите кои беа овластени да во нивно име разговараат за проблемот во врска со водоснабдувањето во с.Ѕвегор.

На Собирот покрај Градоначалникот беа присутни и раководителот на Секторот за урбанизам,заштина на животната средина ,комунални дејности сообраќај и ЛЕР, Советник за документација за градба и заштита на животна средина, Директорот на ЈКП Брегалница како и претставник на Проектот за водоснабдување на Делчево.

По излагањето на гледањето на проблемот од страна на Градоначалникот, свое образложение дадоа и останатите претставници на локалната самоуправа, по што претставниците на жителите на с.Ѕвегор имаа можност да поставуваат прашања и да добиваат одговори за прашањата што ги засегаат во врска со проблемот со немањето на вода за пиење.

Заеднички беа донесени заклучоци:

-Градоначалникот да побара итен состанок во Министерство за животна средина, како Договорен орган со изведувачот на работите на водоводната мрежа во с.Звегор, на кој состанок ќе присуствуваат и претставници на жителите на с.Ѕвегор со цел надминување на проблемот.

-Советот на Општина Делчево да донесе Одлука за ослободување од плаќање надомест за приклучок на корисници на социјална помош, жители на с.Ѕвегор.

Барање за состанок до Министерството за животна средина и просторно планирање е поднесено веднаш по завршувањето на Собирот.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Гази Баба: Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата и...

0
Изминатиот период пред повеќе општински основни училишта и детски градинки поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а...