spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДојран: Изградба на нова Пречистителна станица

Дојран: Изградба на нова Пречистителна станица

По надминување на сите имотно-правни и административни проблеми, конечно започна изградбата на нова пречистителна станица за третман на отпадните води, децениски проблем кој го мачеше Дојран и со овој еколошко-капитален проект ја решаваме најголемата проблематика за заштита на Дојранското Езеро.

Средствата во износ од 188 милиони денари за изградба на новата пречистителна станица и санација на колекторскиот систем се обезбедени со одлука на Влада од 2020, 2021 и 2023 година заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и дополнителните 78 милиони од Словенска амбасада во соработка со невладината организација “Милиеуконтакт”.

ИНВЕСТИРАМЕ ВО ДОЈРАН И КРЕИРАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА ЗА НАС И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ.

Избор: Општина Дојран

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување...