Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Асфалт доби новата улица „6“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден. Улицата е во должина од 120 метри и широчина 5,5 метри, а по целата должина на улицата од двете страни изградена е и пешачка патека во широчина од 2,5 метри.
Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид во текот на асфалтирањето и истакна дека оваа улица претставува сервисна улица со која се поврзува новото подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во н.Илинден како и Домот за стари лица кој е во интензивна градба. Исто така улица е од големо значење за функционалноста на стопанските субјекти кои се наоѓаат во овој дел на населба Илинден.
Дополнително градоначалникот Георгиевски истакна дека е особено задоволен што овој проект се реализира во соработка со компанијата АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ Скопје, која како општествено одговорна компанија учествува во реализација во градежните работи на терен.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да реализира проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура како еден од главните приоритети за локален економски развој на Општината.
Извор: Општина Илинден