Општина Илинден продолжува со градежната експанзија која се одвива со засилено темпо а со цел подобрување на патната инфраструктува во населените места, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта
Деновиве започна целосна реконструкција на улица „13“ во населба Илинден, во должина од околу 300 метри, каде со градежните работи покрај асфалтирањето ќе бидат опфатени и атмосферските води.
Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид на почетокот од изградбата на улицата и информираше дека работните активности се одвиваат со предвидената динамика, а оваа улица која ги поврзува улиците „19“ и „9“ и поминува покрај Домот на култура „Илинден“, е од огромно значење за жителите во овој дел на општина.
Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. А со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.
Извор: Општина Илинден