spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Набави комбиниран багер за чистење на канали и диви депонии

Кисела Вода: Набави комбиниран багер за чистење на канали и диви депонии

Општина Кисела Вода набави комбиниран ровокопач-натоварувач. Со овој повеќенаменски багер, локалната самоуправа ќе може да врши чистење на каналите, расчистување на диви депонии, активности за кои досега мораше да плаќа за изнајмување.

Финансиските средства во висина од 4 милиони денари за набавка на ровокопачот се обезбедени преку договорот помеѓу Бирото за регионален развој и Општина Кисела Вода, каде двете страни учествуваат со еднакви суми.

-На мое големо задоволство, од денес во општината на располагање имаме сопствена механизација за чистење на каналите, за расчистување на диви депонии и други слични активности за кои досега моравме да издвојуваме средства од Буџетот за изнајмување. Се надевам дека ова во голема мера ќе ја олесни нашата работа и дека со овој багер ќе можеме уште побрзо и поефикасно да одговараме на потребите на нашите граѓани. Сакам да се заблагодарам на Бирото за регионален развој, преку кое беше овозможен овој проект за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој. Тие учествуваат со половина од вкупната сума од 4 милиони денари, додека другата половина ја обезбедивме ние-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте