spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Министерот Андоновски го отвори првиот работен состанок на работната група за...

МДТ: Министерот Андоновски го отвори првиот работен состанок на работната група за изработка на Национална Стратегија за сајбер безбедност 2024-2028 година

Посакувајќи успешна работа, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека, за изработката на квалитетен документ, од клучно значење ќе биде експертизата и искуството на учесниците.

 ,,Само со заеднички напори можеме да изградиме дигитално општество отпорно на современите закани. Убеден сум дека со вашата посветеност и експертиза ќе создадеме стратегија која ќе ја унапреди сајбер безбедноста на нашата земја и ќе придонесе за побезбедна дигитална иднина за сите наши граѓани. Како Министерство за дигитална трансформација, ние сме длабоко посветени на создавањето на сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура. Нашата цел е не само да реагираме на заканите, туку и проактивно да ги антиципираме и спречуваме потенцијалните ризици“, рече министерот Андоновски.

Целиот процес на изработка на Стратегијата ќе се води со највисоко ниво на инклузивност и транспарентност, ќе се организираат јавни консултации, работилници и дебати.

Во однос на потребата од изработка на Национална Стратегија за сајбер безбедност 2024-2028 година, министерот рече дека во изминатиот период се случувале зачестени сајбер напади врз критичната инфраструктура, како во нашата земја, така и во регионот. Статистиките се загрижувачки – во 93% од случаите, надворешен напаѓач може да го пробие мрежното опкружување на организацијата. Дури 43% од сите прекршувања се инсајдерски закани, било намерни или ненамерни. Во просек, само 5% од податоците на компаниите се соодветно заштитени. Од голема важност, е да се обрне внимание и на новите трендови во сајбер заканите.

 Оттука, целите на новата Стратегија треба да бидат во насока на:

–           Воспоставување, одржување и надградба на ИКТ инфраструктура отпорна на сајбер закани

–           Јасно идентификување и дефинирање на изворите на закана по националните интереси во смисла на сајбер безбедноста, превенција и развој на јасен одговор

–           градење и унапредување на потребните капацитети за заштита;

–           Промоција на култура на сајбер безбедност кај граѓаните, јавниот и приватниот сектор, во смисла на разбирање на ризиците, сајбер хигиена, превенција и справување со заканите

–           Зајакнување на националните капацитети за превенција, истражување и соодветен одговор на сајберкриминалот;

–           Зајакнување на капацитетите за одбрана на националните интереси и намалување на тековните и идните ризици во сајберпросторот; и

–           Унапредување на меѓународната соработка и размена на информации

Министерот Андоновски исто така рече дека оваа Стратегија ќе се развива во согласност со принципите на ЕУ и НАТО, како и со нашите меѓународни обврски, вклучувајќи ја и Будимпештанската конвенција за компјутерски криминал ратификувана во 2004 година.

,,НИС и НИС 2 директивите покажуваат дека ова е област која бара постојано прилагодување, агилност, флексибилност и проактивност и оттука, потребен е усогласен глобален и ефективен механизам за соработка, како и еден или повеќе тимови за одговор на инциденти од компјутерска безбедност.

 Новата Национална стратегија за сајбер безбедност ќе биде клучен документ кој ќе ја трасира патеката за зајакнување на нашите капацитети во оваа област. Стратегијата ќе се гради врз темелите поставени со претходната стратегија од 2018-2022 година, но и ќе ги адресира новите предизвици и трендови. Клучно е да развиеме сеопфатен пристап кој ќе ги вклучи сите засегнати страни – од државните институции, преку приватниот сектор, до академската заедница и граѓанското општество. Нашата визија е да создадеме безбедно, сигурно и отпорно дигитално опкружување кое ќе овозможи непречен развој на дигиталната економија и општество“, истакна министерот Андоновски.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Владата одлучи, се ограничува бруто профитната маржа на...

0
Почитувани медиуми, Почитувани граѓани,  Како што и претходно најавив, сакам да ве известам дека на предлог на Министерството за економија и труд, Владата на денешната седница...