spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Срдечна работна средба меѓу министерот Андоновски и амбасадорката Јовановиќ

МДТ: Срдечна работна средба меѓу министерот Андоновски и амбасадорката Јовановиќ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска се сретна со амбасадорката на Република Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ.

Во фокусот на разговорите беше размената на позитивни практики и искуства поврзани со досегашната успешна соработка, како и идните планови на Министерството во однос на дигиталната трансформација и дигитализацијата како клучен приоритет.

Министерот Андоновски и се заблагодари на амбасадорката Јовановиќ за традиционално добрите билатерални односи и за подготвеноста уште повеќе да се продлабочи соработката со цел да се постигне поголем просперитет за сите граѓани.

Соговорниците заеднички заклучија дека како кандидати за членство во Европската унија, двете земји и понатаму остануваат важни партнери за заедничко градење на напредокот на двете општества.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Владата одлучи, се ограничува бруто профитната маржа на...

0
Почитувани медиуми, Почитувани граѓани,  Како што и претходно најавив, сакам да ве известам дека на предлог на Министерството за економија и труд, Владата на денешната седница...