spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Јанкуловски - Ќе бидат испочитувани сите права на вработените согласно закон...

МФ: Јанкуловски – Ќе бидат испочитувани сите права на вработените согласно закон и колективните договори, средствата обезбедени со ребалансот

 Со ребалансот на Буџетот за 2024 се обезбедени средства за исплата на платите на вработените во јавниот сектор и сите права на  вработените утврдени согласно закон и потпишаните колективни договори ќе бидат испочитувани.

Ова го порача заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која во тек е амандманска расправа под Предлог за измени и дополнување на Буџетот за 2024 година.

„Со предложениот ребаланс околу 1 милијарда денари, се распределени по различни буџетски корисници заради усогласување со минималната плата кај оние вработени коишто земале плата под нивото на новата минимална плата (околу 6.000 вработени) и оние вработени каде минималната плата е компонента на основната плата. Стануа збор за околу 24 илјади лица административни службеници, судски и обвинителски службеници, затворски службеници, собраниски службеници, вработени во градинки, старски домови и детски одморалишта, вработени во културните установи)“, истакна заменик-министерот.

Тој додаде дека со ребалансот се обезбедуваат 80 милиони денари и за предвиденото зголемуање на платите на вработените во јавниот сектор од септември 2024 година, обврска согласно Општиот колективен договор.

Дополнително, како што истакна, се обезбедени и средства за исплата на регрес за годишен одмор за вработените кај буџетските корисници во износ од околу 11.000 денари по вработен, согласно обврските од Општиот колективен договор на вработените во јавниот сектор.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Илинден: Министерот Тошковски во посета на општината

0
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. На средбата се разговараше за актуелни теми во однос...