spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Штипската клиничка болница мора да го продолжи процесот на изградба и...

Мицкоски: Штипската клиничка болница мора да го продолжи процесот на изградба и очекувам преку транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен многу скоро

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски вчера одговарајќи на новинарско прашање изјави дека Штипската клиничка болница, мора час поскоро да го продолжи процесот на изградба.

„И така го почнавме мандатот како Влада, заедно со Министерот за здравство, бевме тука во Штип и кажавме дека Штипската клиничка болница мора час поскоро да го продолжи процесот на изградба“, вели премиерот Мицкоски.

„Тоа е дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и тука да немате дилема и истовремено се обврзавме заедно со Штипската клиничка болница да го завршиме проектот конечно и за болницата во Кичево“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека очекува преку транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен многу скоро.

„Имаме еден би рекол прилично квалитетен економски пристап и веќе работиме со неколку економски оператори. Очекуваме преку една транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен, зборам успешно да биде избран најповолниот понудувач, а потоа тој да го заврши успешно и проектот и мислам дека тоа многу скоро ќе се случи. Кога ќе заврши процесот на транзиција во рамките на Владата“, истакна претседателот на Владата Мицкоски.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Полагање на испит за добивање на лиценца за ПРОЦЕНИТЕЛ за...

0
Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО со 30 септември 2024 година. Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот...