spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Ќе се продлабочува соработката со Чешка

МЖСПП: Ќе се продлабочува соработката со Чешка

Вчера министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со амбасадор на Република Чешка Н.Е. Јарослав Лудва. На срдечната и плодна средба беа споделени мислења за прашања од заеднички интерес, како и за нови области и теми што можат уште повеќе да ги зајакнат билатерални односи на двете држави.

1 Ќе се продлабочува соработката со Чешка

Се разговараше и за можностите за зголемување на културната и економската размена, вклучително и за конкретни проекти што би можеле да донесат придобивки за двете земји. Амбасадорот Лудва му честиташе на министерот Меџити за новата функција, изразувајќи целосната поддршка за заедничките иницијативи. Двете страни ја истакнаа важноста од блиска соработка за иднината.

Се разговараше и за изнаоѓање решение за изгласување на уставните измени во Собранието, со што ќе се отвора патот за евентуално отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МП: Министерот Филков оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Јарослав...

0
Амбасадорот Лудва ја потенцираше поддршката на Чешка за интеграција на нашата држава во ЕУ.На средбата се дискутираше за повеќе теми од заеднички интерес, со...