spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаУсвоена Информација на седницата на Владата за користењето на ИПА фондовите

Усвоена Информација на седницата на Владата за користењето на ИПА фондовите

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ги запозна членовите на Владата со користењето на средствата достапни преку Европската Унија, со фокус на користењето на ИПА II и ИПА III фондовите.

Министерот Муртезани презентираше  извештај за искористеноста на ИПА средствата, преку кој се демонстрира слабиот капацитет на институциите пред сѐ заради недостиг на квалитетни кадри. На Седницата беа разгледани можностите за подобрување на апцорпцискиот капацитет за користење на ИПА преку приоритетност на вработувањата во ИПА структурата.  Министерот Муртезани  предложи приоритизација на вработувањата во линиските министерства и тоа Министерството за финансии, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе ги спроведуваат инфраструктурните проекти.

По разгледувањето на Информацијата и деталите во контекст на бавното спроведување и неискористените ИПА средства, како и стратешките мерки за јакнење на ИПА капацитетот преку нови вработувања и Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурата, кои беа детално елаборирани на денешната прес-конференција на МЕП Муртезани, Владата ги задолжи релевантните Министерства за соодветно планирање и реализирање на вработувањата. Министерството за европски прашања е задолжено да го финализира текстот на Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурите согласно насоките на Европската комисија, најдоцна до октомври 2024 година. 

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...