spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Миланов оствари средба и со првиот човек на македонската дипломатија Муцунски

АХВ: Миланов оствари средба и со првиот човек на македонската дипломатија Муцунски

Целосно усогласување на македонското законодавство со европското со цел непречен увоз на прехранбени производи од  земјите членки на Европската унија и зголемен извоз на прехранбени производи произведени од нашите домашни компании, како основа за развој на македонската економија. Ова се дел од приоритетите на Агенцијата за храна и ветеринарство кои  на заедничката работна средба со првиот човек на македонската дипломатија, Министерот за  надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ги истакна Директорот на АХВ, Оливер Миланов.

Миланов оствари средба и со првиот човек на македонската дипломатија Тимчо Муцунски

На средбата истакната беше потребата од заедничка заложба во делот на зголемување на надворешната трговија на државава со соседните и земјите членки на ЕУ, како при увоз на прехранбени производи и храна за животни, и за извоз на добра и услуги од нашата земја. 

Целта на заедничкото работење, како што беше потенцирано на средбата е интензивирање и зголемување на пласманот на македонски производи на странските пазари како дел од стратегијата за раст и развој на македонската економија. 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...