spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Со соработка можеме да направиме многу повеќе за сите општини во...

МЛС: Со соработка можеме да направиме многу повеќе за сите општини во регионот

Министерот за локална самоуправа Златко Перински со денешниот состанок со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион, ја заокружи серијата состаноци со сите градоначалници.

„Задоволен сум што во кратко време успеав да остварам лични средби со сите градоначалници од кои изворно можев да се информирам за функционирањето на секоја општина. Градоначалниците секојдневно се соочуваат со предизвици и Владата и јас како министер за локална самоуправа имаме план како преку соработка да ги подобриме работите. Го остваруваме ветувањето за голема финансиска поддршка на капитални проекти во општините, затоа што тоа им е потребно на граѓаните“, рече министерот Перински.

На состанокот беше истакнато дека иако Североисточниот плански регион, според степенот на развиеност е најнеразвиен, општините во регионот имаат потенцијал за развој и поддршката од Владата им е неопходна за да реализираат капитални проекти кои што решаваат важни прашања за граѓаните, но се и во функција на локалниот развој. Станува збор за плански регион кој што има потенцијал за рурален развој, за развој на туризам, како и за развој на мали бизниси. Потребно е инвестирање во патната и во комуналната инфраструктура заради создавање на примарни услови за побрз економски развој. Затоа, беше речено, општините многу сметаат на поддршката од Владата, а тоа е и силна мотивација за подготовка на проекти кои што ќе бидат финансирани во континуитет.

Претставниците на локалните власти најавија дека Општина Кратово ќе аплицира со проект за реконструкција на локален пат од Кратово до с. Близанци, а Општина Липково со два проекта, за регулација на речно корито во водотек, Голем Дол во населено место с.Оризари и со основен проект за реконструкција на атмосферска вода и регулација на пешачките патеки со бехатонски плочки во с. Матејче.

Министерот Перински ги охрабри градоначалниците дека нема да бидат оставени сами.

„Министерството за локална самоуправа ќе воспостави ресурсен центар кој што ќе биде поддршка на општините во подготовката на проекти, како и за зајакнување на нивните капацитети за подобро и поефикасно вршење на работите од нивна надлежност“, рече министерот Перински.

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...