spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССНационален извештај во рамки на проектот GreenNet

Национален извештај во рамки на проектот GreenNet

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија учествува како партнер во рамки на проектот GreenNet – Забрзување на зелената транзиција на праведен и општествено одговорен начин – случаи од индустријата, енергетскиот и транспортниот сектор, заедно со синдикати и организации на работодавачи од Бугарија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Шпанија, Португалија, Северна Македонија, Србија, Турција, како и ETUC Европската конфедерација на синдикати, BusinessEurope и IndustryALL.

Главната цел на проектот е да се зајакне потенцијалот на социјалните партнери во енергетскиот, индустриски и транспортниот сектор и нивното влијание врз европскиот социјален дијалог, со цел да се обезбеди транзиција кон климатско неутрална економија на социјално правичен начин остварливи за сите европски работници и граѓани.

За да се добијат релевантни и длабински податоци, беше спроведено истражување од комбинација на квантитативни и квалитативни истражувачки методи. Методологијата вклучува анкети, вкупно 29 испитаници беа анкетирани преку електронски прашалници. Спроведени се 15 длабински интервјуа со вработени и социјални партнери од трите различни сектори.


Овие интервјуа овозможија длабинско разбирање на индивидуалните искуства и перцепции за прашањата за зелената транзиција. Направено е и деск истражување на националните политики и прописи поврзани со зелената трансформација и праведната транзиција. Ова истражување обезбеди контекстуална основа за анализа на собраните податоци и помогна во разбирањето на институционалната и правната рамка во која се одвива зелената транзиција.

,,Зелена трансформација претставува клучен аспект од одржливиот развој на Македонија, со фокус на намалување на негативните влијанија врз животната средина и прилагодување на економијата кон поеколошки и одржливи практики. Оваа студија има за цел да ги анализира мислењата, очекувањата и потребите на вработените во секторите енергетика, индустрија и транспорт во врска со зелената трансформација. Дополнително, се разгледуваат предизвиците и можностите поврзани со праведната транзиција, како и улогата на социјалните партнери во овој процес. Социјалните партнери ја поддржуваат зелената транзиција, но загрижени се во однос на правичноста. Главните барања се насочени кон обезбедување сигурност на работните места, активно вклучување на работниците во процесот и преземање конкретни мерки од страна на државата.”

     Национален извештај во рамки на проектот GreenNet

Извор: Конференција на слободни синдикати на Македонија

     

Прочитајте

Велес: Поддршка на учениците и менторите за одвоените награди

0
Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им...