spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПРР: Помош во премии и осигурување

АФПРР: Помош во премии и осигурување

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека до  31 август 2024 година ќе можат да  поднесат барања за мерката 3. Помош во премии и осигурување од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

 Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во период од 1 август 2023 година до 31 јули 2024 година имаат склучено полиси за осигурување во земјоделството.

Висината на помошта изнесува 60% од вкупната вредност на полисата но не повеќе од 150.000,00 денари по корисник.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата. Помош при креирање на електронското барање е обезбедена од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барателот во прилог на барањето доставува примерок од полиса и потврда/тековна состојба од Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Испечатеното барање заедно со прилозите се доставува до Агенцијата.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...