spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Обраќање на градоначалникот Стефковски по повод навршување на 8...

Гази Баба: Обраќање на градоначалникот Стефковски по повод навршување на 8 години од катастрофалната поплава која ја зафати општината

Градоначалникот Бобан Стефковски преку социјалните медиуми се  обрати со жалење по повод навршување на 8 години од катастрофалната попава која ја зафати нашата општина.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на Градоначалникот Стефковски.

Почитувани граѓани,
Денес навршуваат осум години од катастрофалната поплава која ја зафати Општина Гази Баба.

22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш.

Материјалната штета беше огромна.
Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе се.

Кога навидум се беше разрушено се виде светлото на крајот од тунелот. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот, илјадници граѓани ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општина, нашиот дом.

Како градоначалник на Општина Гази Баба и денес изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата.

Почитувани граѓани,
Жртвите од поплавата, како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од истата не смееме никогаш да ги заборавиме.

Гази Баба се сеќава!

Никогаш да не се повтори!
Никогаш да не се заборави! 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...