spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Димитриеска-Кочоска - Реализацијата на железницата од Коридорот 10 носи додадена вредност,...

МФ: Димитриеска-Кочоска – Реализацијата на железницата од Коридорот 10 носи додадена вредност, она што им е потребно во моментов на бизнисот и на земјата

Реализација на проекти кои имаат додадена вредност, кои ќе имаат влијание на растот на БДП и од кои ќе имаат бенефит граѓаните е она што ѝ треба на нашата земја во моментов. Поточно, проекти кои ќе значат пониски трошоци за компаниите и кои ќе им ги олеснат условите за водење бизнис.

Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во Македонското радио, притоа осврнувајќи се на прашањето околу проектот за изградба на железничката пруга од Коридорот 8.

„Суштината е да ги добиеме истите услови и средства како за Коридорот 8, но за друг проект. Крајната цел е да ги обезбедиме истите средства за пругата од Коридорот 10. Ирелевантно е на кој начин ќе се изразуваме. За граѓаните е важно и суштинско што ќе добијат, односно да добијат проект кој ќе има додадена вредност, да им заштедиме пари, бидејќи другиот проект од Коридорот 8 завршува во таканаречена слепа улица. Терминолошки дали ќе се изразиме како нова апликација или ќе употребиме пренамена во суштина значи дека она што го добиваме за Коридорот 8 да го добиеме и за Коридорот 10. На граѓаните не им е важно дали е нова апликација или слично, нив им е важен бенефитот од самиот проект“, истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека постои секојдневна комуникација и координација со премиерот и министерот за транспорт и врски, особено околу реализацијата на крупните инфраструктурни проекти.

Како што појасни, целта е на компаниите во моментов да им се овозможи железнички транспорт на стока од пристаништето во Солун, коешто е поблиску и оттаму  создава пониски трошоци за нив, а со реализацијата на проектот од Коридорот 10 тие трошоци дополнително да се намалат.

„Ова е важно и од аспект на цената на производите што ќе ги извезуваат македонските компании во странство, а дополнителен предизвик  пред кој е исправена оваа Влада е декарбонизацијата што претстои. Оттаму треба да се запрашаме каква политика како Влада би воделе ако во моментов правиме нешто што нема додадена вредност за компаниите и не влијае на намалување на нивните трошоци?!

Димитриеска-Кочоска потенцира дека ова не значи дека се спори проектот за изградба на железничката пруга од Коридорот 8, но смета дека треба да се работи на проекти кои ќе значат раст на БДП, кои ќе обезбедат ликвидност за сервисирање на обврските, а за некој период од денес да можеме да размислуваме за Коридорот 8 и за изградба на железницата.

Во интервјуто посочи дека проектираниот раст на БДП за годинава се очекува да биде поддржан преку реализација на проектите на локално ниво, односно преку општините, предвидени со ребалансот, како и преку проекти во ресорните министерства..

Најави дека веќе се работи на подготовка на Буџетот за 2025 година и дека предизвици кои произлегоа од направените штети сѐ уште, а тие се надоместуваат со ребалансот на Буџетот. Вели дека ќе се оди чекор по чекор и со сериозни мерки за фискална консолидација.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

АХВ: МТВ -Тема на денот: Каква е опасноста по појавата на...

0
Македонска телевизија: Каква е опасноста по појавата на птичји грип? Гостин во Тема на денот на јавниот сервис професор Игор Џаџовски од Факултетот за ветеринарна...