spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаОдговор од Владата во врска со информацијата објавена од „Топ Чанел“

Одговор од Владата во врска со информацијата објавена од „Топ Чанел“

Во врска со информацијата објавена од „Топ Чанел“,  сакаме да истакнеме дека се работи за класична лажна вест.

Обидот за намерно создавање забуна е повеќе од очигледен и нема да помине кај ниту еден свесен граѓанин. Имено, ако внимателно се гледа видеото, јасно може да се забележи дека се работи за промена на постојното знаме на ЕУ, кое беше таму на претходната прес конференција, со ново знаме за настанот што следеше подоцна со косовскиот премиер.

Не е згрешено знамето, па сменето, туку едноставно снимена е замената на знамињата односно во прилогот злоупотребен е моментот кога е заменето знамето на ЕУ кое стои до државното за да се стави знамето на државата од каде доаѓа гостинот, во случајот премиерот на Косово.

Овој вид на т.н известување претставува класичен обид за релативизација на сите скандали и пропусти на претходната влада. Аматеризмот кога се грешеа знамиња на држави или се поставуваа наопаку не е, ниту може да биде случај сега со оваа извршна власт.

Ги замолуваме медиумите пред да објавуваат вакви сензационалистички дезинформации и лажни вести, да проверат фактите. Во спротивно, тие стануваат дел од нечесната и валканата политичка битка на ретроградните сили кои доживеаа катастрофален пораз на изборите.

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...