spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Средба со стопанствениците од Прилеп

УЈП: Средба со стопанствениците од Прилеп

Во пресрет на манифестацијата Пиво фест која ќе се одржи овој викенд во Прилеп, даночни службеници вчера одржаа работна средба со стопанствениците кои закупиле штандови по повод оваа манифестација. На средбата даночниците ги појаснија законските одредби од Законот за регистрација на готовински плаќања и Законот за данок на личен доход односно какви дејствија треба да преземат даночните обврзници со цел бидат усогласени со даночните закони.

Сите стопанственици кои закупиле штанд по повод оваа манифестација на кои ќе продаваат разноразни производи (пиво, сокови, храна) потребно е да користат одобрен фискален апарат во доволен број, и за секоја услуга односно за секоја продажба да издаваат фискална сметка, да стават соопштение на видно место со кое ќе го информираат купувачот за неговата обврска да бара фискална сметка, во книгата на дневни финансиски извештаи да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса и навремено а најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителите на платен промет.

   

Даночните службеници присутните ги информираа и за одредбите од Законот за личен доход кој се однесува на закуподавците. Појаснија дека пријавувањето на доходот од издавање во закуп или подзакуп на недвижен имот на друго физичко лице, задолжително се врши до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е даден во закуп или подзакуп со поднесување на Електронска пресметка и докази преку системот е-Даночни услуги.

Извор: Управа за Јавни приходи

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...